Дома Здравје Ова е ВИТАМИН кој може да ги намали штетните ефекти од Загадувањето...

Ова е ВИТАМИН кој може да ги намали штетните ефекти од Загадувањето на воздухот

225
0

Според податоците на СЗО, повеќе од 90% од светската популација живее во области каде што загадувањето на воздухот ги надминува дозволените граници


Научниците долго време се сомневаа дека ПМ 2.5 (ситни честички во воздухот) предизвикуваат епигенетски промени во нашите клетки кои можат да го загрозат нашето здравје.

Кога станува збор за Р.Македонија, системот за следење на квалитетот на воздухот, покажува дека концентрацијата на штетни материи во воздухот, особено на ПМ честичките, редовно ги надминува безбедносните граници препорачани од Светската здравствена организација. Слична е ситуацијата и во другите поголеми градови околу нас.

Токму поради оваа причина, меѓународен тим на научници спроведе клиничко испитување за да открие како ефектите од изложеноста на концентрациите на загадениот воздух на PM 2,5 може да се ублажат со дневни додатоци на витамин Б кои содржат 2,5 mg фолна киселина, 50 mg витамин Б6 и 1 mh витамин Б12.

Студијата опфатила десет доброволци кои прво биле изложени на чист воздух и добиле плацебо за да се измерат нивните основни реакции. Подоцна, истите испитаници беа тестирани со големи дози на витамини од групата Б и изложени на високо загаден воздух кој содржи високо ниво на ПМ 2,5.

Резултатите од истражувањето открија дека четиринеделната изложеност на додатоци на витамин Б го ограничува ефектот на PM 2,5 помеѓу 28 и 78 проценти на десет локации на гени. Истражувачите откриле дека слично намалување се рефлектира во митохондријалната ДНК, деловите на клетките кои генерираат енергија.

Сепак, научниците посочуваат дека оваа студија има многу ограничувања, како што се мал број испитаници, а помалку информации за количината на витамин Б што предизвикува реакција, како и дека се потребни подетални истражувања и тестови, резултатите од оваа студијата е охрабрувачка и може да го содржи клучот за намалување на штетните ефекти од загадувањето на воздухот.

Претходна објаваШто е и како настанува тремор Тремор на телото
Следна објаваМорска сол и јаболков оцет – ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА за ублажување на симптомите на ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име