Дома Здравје Оваа храна доаѓа од домашната кујна, достапна е и ефтина, а прави...

Оваа храна доаѓа од домашната кујна, достапна е и ефтина, а прави чуда за црниот дроб и срцето, штити од рак, го намалува холестеролот

313
0

Киселата зелка е заштитен знак на зимата и една од најдостапните и најевтините суперхрани, таа е вистинска ризница на витамини Ц, К и Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолна киселина и калиум.

Сепак, она што ја прави посебна е тоа што е ферментирана храна која природно содржи пробиотици и пребиотски влакна кои не само што помагаат да се зачува оптималното функционирање на варењето, туку се и важна поддршка за имунолошкиот систем, имајќи предвид дека речиси 80 проценти од имунолошкиот систем е токму во нашите црева.

Покрај тоа, пробиотиците помагаат во подобрување на меморијата и намалување на симптомите на анксиозност и депресија.

Зелка, исто така, содржи антиоксиданси и други корисни растителни соединенија кои помагаат да се намали оштетувањето на ДНК, да се спречи клеточната мутација и да се блокира прекумерниот раст на клетките што доведува до развој на тумор.

Самиот процес на ферментирање на зелката може да создаде и посебни растителни соединенија за кои се смета дека помагаат да се уништат клетките на ракот.
Во народната медицина се користи за регенерација на црниот дроб, третман на дијабетес, гихт, чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, го стимулира излачувањето на штетните материи од организмот, благотворно делува на работата на срцето и протокот на крв и го намалува покачениот холестерол. .

Киселата зелка е еден од ретките растителни извори на менакинон, познат како витамин К2, кој го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања преку спречување на таложење на калциум во садовите, но игра важна улога и за здравјето на коските.

Од секи гулаш, до сарма до кисела зелка со месо и компири или салата од кисела зелка, има доволно рецепти за уживање во благодетите на оваа суперхрана што секој може да си најде нешто за себе.

И уште еден совет: не фрлајте ја саламурата, туку пијте ја бидејќи е полна со хранливи материи, а се препорачува и како детоксикатор.

Претходна објаваЛимон бомбици кои не се печат, готови за 15 минути и имаат неверојатен вкус
Следна објаваШест работи кои треба да ги правиме веднаш по будењето, тврдат експертите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име