Дома Здравје Оваа храна го намалува ризикот од срцев и мозочен удар доколку ја...

Оваа храна го намалува ризикот од срцев и мозочен удар доколку ја јадете 4 пати неделно

415
0

Студијата спроведена на 22.800 испитаници донесе нови заклучоци.
Начинот на живот во голема мера влијае на здравјето на целиот организам.


Конзумирањето алкохол, цигари, физичка (не)активност и одреден начин на исхрана може да помогне или спречи и го зголеми или намали ризикот од одредени болести.

Истражувањето на италијанските научници објавено во „Journal of the American College of Cardiology“ донесе некои нови сознанија за консумирањето на чили пиперките и нивното влијание врз здравјето, односно за ризикот од смрт поради срцев удар.


Оваа научна студија опфати 22.800 испитаници, а како дел од ова истражување беа анализирани податоци за нивната здравствена состојба во период од 10 години, помеѓу 2005 и 2015 година.

Меѓу другото, авторите на студијата ги испитале нивните навики во исхраната и дошле до интересен заклучок.

Вклучете лути пиперки во вашата исхрана 4 пати неделно

Имено, луѓето кои консумирале лути пиперки најмалку четири пати неделно имале 40 отсто помал ризик од смрт поради срцев удар во споредба со луѓето кои не ја консумирале оваа храна.

Исто така, студијата покажа дека луѓето кои редовно јаделе лути пиперки имале 60 отсто помал ризик да умрат од мозочен удар во споредба со оние испитаници кои ја немаат оваа навика.

Иако сè уште не е јасно што точно ги прави лутите пиперки толку добри за здравјето на срцето, некои научници веруваат дека одговорот лежи во капсаицинот, состојката која им дава топлина на пиперките.

Секако, кардиолозите се согласуваат дека не е доволно само да додадете чили пиперки во и онака нездравата исхрана и да мислите дека ќе ги избегнеме негативните последици од нездравиот начин на живот.

Претходна објаваЈајцата можат да ви помогнат да ослабете – еве како треба да ги јадете…
Следна објаваДали ги фрлате СИЛИКОНСКИТЕ ЌЕСИЊА што ги добивате во КУТИЈАТА СО КУПЕНИ ЧЕВЛИ?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име