Дома Интересно Не ја фрлајте водата при готвење храна: Одлична за цвеќиња…

Не ја фрлајте водата при готвење храна: Одлична за цвеќиња…

993
0

Изладената вода во која сте го зготвиле зеленчукот содржи хранливи материи кои ќе бидат совршена храна за вашите домашни растенија.

Освен што се убава декорација за вашиот дом, растенијата позитивно влијаат и на нашето здравје. Пред сè, тие го претвораат јаглеродниот диоксид во кислород и го подобруваат квалитетот на воздухот. Позитивно делуваат и на чувството кое луѓето го создаваат во просторот во кој живеат.


За да продолжиме да ги имаме овие поволности што ни ги обезбедуваат растенијата, неопходно е да ги надополнуваме во текот на зимата. Тоа е идеална можност да размислите за користење на вода во која сте зготвиле зеленчук, компири или тестенини, наместо да користите ѓубрива.

Според Кари Несвиг, која првично го пронашла овој совет во „Ист Ривер Расадник“, можеби на домашните растенија им треба малку вода од готвење за да заблескаат во полн сјај.

Изладената, преостаната вода во која сте го вареле зеленчукот содржи хранливи материи кои се ослободуваат од храната за време на готвењето, а во зависност од тоа што јадете, на крајот би можеле да ги снабдите вашите растенија со високо ценет фосфор, азот и калциум.

Кога готвите храна како тестенини, зеленчук, јајца или компири, многу од микронутриентите како фосфор, азот и калциум се ослободуваат во водата.

И така, штом водата ќе се олади, не само што ќе им обезбедите на вашите растенија добра течност, туку и тие ќе добијат дел од многу потребното ѓубриво од хранливите материи во водата.

Конвертирањето на водата за готвење на овој начин ги намалува трошоците за ѓубриво за растенијата, а попатно, искористете го максимумот од сè што сте зготвиле. Во зависност од тоа колку растенија имате, може да заштедите многу. Само не заборавајте да ја изладите водата целосно пред да ги наводнете растенијата со неа. Веројатно сте виделе што може да направи зовриената вода со спанаќот, па замислете што би направила со вашата бегонија.

Мало потсетување: Во текот на зимата, не треба да ги ставате растенијата на места каде што може да дојде до провев, никогаш во близина на ладни прозорци или радијатори. Најпопуларните домашни растенија потекнуваат од тропските предели и најдобро успеваат на благи температури (помеѓу 18 ° C и 23 ° C) и умерена влажност (околу 50 проценти).

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име