НЕ ТРОШУВАЈТЕ ПАРИ НА БЕСКОРИСНИ ПРЕПАРАТИ Пет природни начини да го запрете опаѓањето на косата
Плаќате третмани во салоните кои ви гарантираат да го запрете опаѓањето на косата, а резултатите на крајот ве разочаруваат
Секогаш можете да купите скапи производи од хип-производители или да платите третмани во салони кои ви гарантираат да го запрете опаѓањето на косата, а резултатите на крајот ќе ве разочараат. Пред да одлучите да ги потрошите тешко заработените пари, испробајте ги овие пет природни начини кои можат да го запрат опаѓањето на косата, па дури и да ја зајакнат.
- Третмани со врело масло
Загрејте ги природните масла – кокосово или маслиново – додека не се загрее, но не и топло. Нежно масирајте во скалпот. После тоа, ставете капа за туширање на косата и оставете ја околу еден час, а потоа измијте ја косата со шампон.
- Природни сокови
Можете да ја истриете кожата со сок од лук, кромид или ѓумбир. Оставете да делува преку ноќ, а потоа измијте ја косата наутро.
- Масажа на главата
Масирањето на скалпот неколку минути секој ден помага да се стимулира циркулацијата. Добрата циркулација на скалпот ги одржува фоликулите активни.
- Антиоксиданси
Нанесете топол зелен чај (две кесички до една чаша) на скалпот и оставете да делува околу еден час, а потоа исплакнете ја косата. Зелениот чај содржи антиоксиданси кои го спречуваат опаѓањето на косата и го поттикнуваат растот на косата.
- Медитација и релаксација
Верувале или не, најчеста причина за опаѓање на косата се напнатоста и стресот. Медитацијата може да помогне да се намали опаѓањето на косата и да се врати хормоналната рамнотежа.