Дома Живот Не можете да ги загреете нозете во зима? Искористете ги овие едноставни...

Не можете да ги загреете нозете во зима? Искористете ги овие едноставни совети и забрзајте ја циркулацијата

663
0

Зимата е најстудената сезона. За многу луѓе тоа значи и развој на разни заболувања и вируси, како настинка или грип. Но, има и почести „неволји“ кои доаѓаат природно со пониските температури.

Дали имате проблеми? Прстите ви се трпнат затоа што и онака ви е лоша циркулацијата. Проблемот е што нема доволно мускули кои можат да ги загреат нозете.

За да го олесните „зимскиот шарм“, внесете храна која ја забрзува циркулацијата, како рибино масло или ѓумбир. Намалете ја количината на кофеин и зголемете ја дозата на цитрус. Магнезиумот е секогаш добро решение, па можете да го внесете преку свежа храна, како банани и блитва или преку додатоци во исхраната.


Покрај тоа, секоја вечер пред спиење масирајте ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер мијте ги во леген. Истурете топла вода во едната и ладна вода во другата, а потоа наизменично ставете ги стапалата во првата, а потоа во втората. Важно е да бидете сигурни дека постапката секогаш ја започнувате и завршувате со топла вода. Секој дел од тој едноставен домашен третман треба да трае околу триесет секунди.

Претходна објаваСедум намирници кои содржат повеќе калциум од една чаша млеко
Следна објаваПет типа на осип кои можат да бидат симптом на вирусна инфекција со КОВИД-19

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име