Дома Живот Не знаете како да обоите јајца на природен начин? Ние ќе ви...

Не знаете како да обоите јајца на природен начин? Ние ќе ви помогнеме…

705
0

Се повеќе луѓе се обидуваат да користат што е можно помалку вештачки адитиви и да ги вапсаат велигденски јајца. Дознајте како да обоите јајца со природни бои.

КАФЕАВА БОЈА – ставете лушпи од црвен кромид во вода и варете додека не ја смени бојата и не потемни. Украсете ги јајцата со набрани лисја од разни треви или еластични ленти, ставете ги во исечена најлонски чорап и врзете меѓу двете јајца. Ставете ги да се варат околу десет минути.

Со лушпи од кромид

СВЕТЛА ЖОЛТА- со помош на ракавици ставете три лажици куркума или шафран во прав во еден литар вода и додадете две лажици бел оцет.

Со куркума

ПОРТОКАЛОВА – ставете пет лажици слатка црвена пиперка и две лажици бел оцет во еден литар вода.

ЦРВЕНА – користете цреши од конзерва и сок од цреша, додека за интензивно црвена, наместо вода, ставете цвекло или сокок од брусница.

РОЗЕВА- ставете околу 800 грама исечена репка во топла вода. Иако на почетокот ќе изгледа темно кафеаво, кога ќе се исуши, јајцата ќе добијат нежно розева боја.

СИНА – додадете во топла вода 600 грама сечкана виолетова зелка. За посветла боја, чувајте ги јајцата во оваа течност околу половина час, а доколку сакате поинтензивна боја, оставете ги во фрижидер преку ноќ.

Со црвена зелка

ЗЕЛЕНА СВЕТЛА – во половина литар вода, варете пакување зелен чај со двојно поголема количина мелени лисја од жалфија.

ЗЕЛЕНА – Исецкајте 100 грама листови спанаќ и замрзнати боровинки во мешалка и додадете еден литар сок од боровинка. По вриење и исцедување додадете две лажици куркума во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име