Дома Здравје Не ги игнорирајте болките во грбот

Не ги игнорирајте болките во грбот

651
0

Болката во грбот не треба да се игнорира и навреме да се утврди што ја предизвикува, бидејќи зад неа можат да се кријат некои многу сериозни болести, воспаленија и инфекции.

Задниот дел содржи најмногу нервни завршетоци, па тие први реагираат и со тоа вистинската причина за болката останува скриена. Затоа, важно е што поскоро да се открие што го предизвикува, бидејќи зад болките во грбот може да се кријат сериозни болести.

Камен во бубрег: Доколку постојано чувствувате болка во еден дел од грбот, а сето тоа е придружено со болки во стомакот и препоните и болка при мокрење, проверете дали имате камен во бубрегот. Најчесто се јавува како резултат на недоволно внесување на вода и протеини во организмот, а мажите се повеќе склони кон тоа.

Воспаление на бубрезите: Доколку болката во долниот дел на грбот е придружена со покачена телесна температура, можно е да имате воспаление на бубрезите. Оваа болка се јавува шест пати почесто кај жените.

Воспаление на панкреасот: Воспалението на панкреасот најчесто ги погодува постарите и средовечните луѓе. Болката се јавува во долниот дел на стомакот, а е придружена со болки во грбот, повраќање и гадење. Најчесто е резултат на акутно или хронично воспаление.

Камења во жолчката: Се формираат кога повеќе холестерол се произведува во црниот дроб или телото побавно го обработува. Сето тоа ја нарушува врската помеѓу жолчката киселина и жолчката, а проблемот најмногу ги погодува дебелите жени над 40 години. Тоа е придружено со болка во стомакот и рацете, гадење и болка при дишење.

Инфекција на уринарниот тракт: Најчесто ги погодува жените, а доколку не се лекува, може да доведе до воспаление на бубрезите. Причината за инфекцијата се бактериите, но носењето премногу тесна облека може да предизвика и болки во долниот дел на грбот и стомакот, како и болка при мокрење.

Претходна објаваЗошто децата не сакаат зеленчук?
Следна објаваШто се случува со нас кога имаме грип?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име