Дома Живот Не воздржувајте се: Пет причини зошто понекогаш треба добро да се исплачете!

Не воздржувајте се: Пет причини зошто понекогаш треба добро да се исплачете!

249
0

Плачењето може да биде добро и за вашето здравје.

Плачењето обично се поврзува со некаква слабост, но тоа воопшто не е така. Дури се препорачува одвреме-навреме да „давате душа“ и убаво да плачете.

  1. Солзите ги чистат очите

Солзите делуваат како природен антибиотик и можат да убијат до 95 проценти од штетните бактерии во очите за само пет минути.

  1. Солзите го подобруваат видот

Мембраната на окото може да биде дехидрирана, што предизвикува проблеми со видот, а сликата што ја гледаме е едноставно заматена. Кога плачеме, солзите ја обезбедуваат влажноста на мембраната и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.

  1. Солзите ги елиминираат токсините

Во текот на 1980-тите Др. Вилијам Феј, истражувач во медицинскиот центар Ремзи во Минеаполис, открил дека солзите, во зависност од причината, имаат различен хемиски состав. Така, рефлексните солзи (предизвикани, на пример, со сечење кромид) се состојат од 98 проценти вода, додека емотивните солзи се полни со хормонот на стресот – пролактин.

  1. Солзите нудат утеха

Интересно е како плачењето е придружено со зголемена активност на одреден дел од нервниот систем, чија задача е да го смири телото по стресен настан и да го забави отчукувањата на срцето.

  1. Солзите нудат емоционално ослободување и поврзување со другите

„Утеха“ со емоции преку плачење ни помага и полесно да продолжиме со животот. Плачењето ги буди нашите заштитни инстинкти и делува како повик за помош.

Претходна објаваПет намирници кои не треба да ги консумираме на празен стомак
Следна објаваЧај кој има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име