Дома Твој Готвач Неодоливо вкусни посни полнети пиперки

Неодоливо вкусни посни полнети пиперки

529
0

Во тек е големиот Божиќен пост , а голем број верници на трпезите имаат брза храна. Но, полнетите пиперки по рецептот од Хиландар ќе ги сакаат и оние луѓе кои моментално не можат да постат. Имено, исхраната на монасите во Света Гора е многу скромна, но е проткаена со вековна традиција и посебна подготовка со многу емоции. Затоа сме сигурни дека вака направеното јадење ќе ви стане едно од омилените, бидејќи крие и феноменален вкус!


Потребни состојки за посни полнети пиперки :

6 суви црвени пиперки
3 праз или еден среден кромид
100 гр крупно мелени ореви
100 гр грав
1 шолја (за црно кафе) ориз
мешавина од зачини од суви тревки
мелен црвен пипер,
сол, бибер

Подготовка:

На малку масло кратко пропржете го празот (или ситно сечканиот кромид), па додадете ги мелените ореви. Сè заедно пропржете уште 2-3 минути и потоа додајте измиен и исчистен ориз и пасиран варен грав.


Продолжете со пржење уште 1 минута, а потоа додадете ја смесата од суви билки и сол и бибер по вкус. Варете уште 2 минути на тивок оган. За тоа време, сувите пиперки оставете ги да отстојат во топла вода, за полесно да се полнат. Потоа наполнете ги пиперките со подготвениот фил, но внимавајте да не се полнат до врвот.

Наредете ги полнетите пиперки во тавче, додадете малку вода и динстајте на тивок оган додека не се свари оризот. По потреба додадете уште вода.Потоа се пече во рерна загреана на 200°C, а пред крајот на печењето прелијте со масло претходно пропржено со мелен црвен пипер.

Претходна објаваДали настинките се навистина потешки за мажите?
Следна објаваЗошто ни е тешко да се будиме?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име