Дома Живот Нема да ви треба кафе: Три намирници кои ќе ви го подигнат...

Нема да ви треба кафе: Три намирници кои ќе ви го подигнат нивото на енергија

292
0

Разбудете се полесно

Нема да ви треба кафе: Три намирници кои ќе ви го подигнат нивото на енергија.

Вистина е дека кафето дава чувство на будност и енергија, но тоа чувство не трае долго, особено не ако користите вештачки засладувачи или ако пиете некоја од мешаниците за инстант кафе.
Ваквите пијалоци само привремено ќе ве „подигнат“, но всушност многу брзо ќе останете без енергија, па најдобро би било кафето да го замените со некоја друга храна која е многу подобар стимуланс.

Зелен листест зеленчук

На почетокот можеби не звучи баш најпримамливо, но зелениот листест зеленчук (спанаќ, магдонос, целер, блитва, кељ…) содржи голема количина на витамини Б кои помагаат храната да се претвори во енергија. Затоа, наместо со кафе, започнете го денот со убаво зелено смути.

Чиа семе

Тоа се богато со омега-3 масни киселини, кои помагаат во подобрување на функцијата на мозокот и во борбата против заморот. Чиа семките имаат и одлична способност да апсорбираат течности, па го забрзуваат метаболизмот и ќе направат да се чувствувате хидрирани и да ве држат будни. Можете да ги јадете во овесна каша или смути и на тој начин да обезбедите двојна доза на будење.

Јајца
Јајцата се протеинска храна која ја обезбедува потребната енергија за функционирање во текот на денот. Изборот за подготовка на јајца е голем, можете да ги пржите, да направите матени јајца, омлет или да ги сварите. Она што исто така можете да го направите е да комбинирате јајца и малку зелен листест зеленчук и да направите феноменален омлет кој исто така ќе биде енергетска бомба.

Претходна објаваДенес е Бадник, голем православен празник пред денот на Христовото раѓање
Следна објаваОмлет пица, започнете го денот со оптимизам

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име