Немате ацетон дома, но итно треба да го отстраните лакот? Четири трикови кои ќе ви го решат проблемот
Брзи решенија за неочекуван проблем…
Имате 6 минути да излезете од дома, а во последен момент одлучувате да го извадите лакот за нокти …
И тогаш сфаќаш дека немаш повеќе ацетон.
Сепак, не очајувајте, има лек и за оваа мака.
Неколку домашни трикови можат да бидат од голема помош.
Спреј дезодоранс – прскајте малку и брзо, додека ноктот е уште влажен, отстранете го лакот со памук.
Обратниот процес, ставањето дезодоранс на памук, нема да ги даде посакуваните резултати, ниту пак дезодорансите на природна основа.
Лак за коса – постапката е иста како кај дезодорансот, само што не користите памук, туку крпа, бидејќи лакот се лепи за памукот.
Парфем – постапката е иста, но важно е да користите парфем , а не тоалетна вода.
Нов слој лак – нанесете нов, дебел слој лак и тоалетна хартија – цврсто притиснете со хартија и избришете. Новиот слој се врзува за стариот и го отстранува.