Дома Your Chef НЕЗАМЕНЛИВ ДЕСЕРТ: БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

НЕЗАМЕНЛИВ ДЕСЕРТ: БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

712
0

НЕЗАМЕНЛИВ ДЕСЕРТ: БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

Незаменлив десерт за секоја трпеза, кој се подготвува прилично едноставно и брзо, без рерна, без миксер и за само 20-тина минути!

Состојки:

9 супени лажици вода

200g шеќер

150g мелени ореви, бадеми или лешници

250g мелен бисквит

170g путер

100g чоколадо за готвење

малку рум

Глазура:

100g чоколадо за готвење

малку масло

Десерт со три состојки и без печење: Потребни се само десет минути за да се подготви

Подготовка:

  1. Во тенџерето се додаваат вода и шеќер и се загреваат на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.
  2. Додадете путер, тргнете го од оган и мешајте додека не се растопи.
  3. Кога целосно ќе се растопи путерот, се додаваат оревите и бисквитите и се меша додека не се добие погуста, еднолична маса.
  4. Добиената маса поделете ја на два еднакви дела.
  5. Чоколадото се топи на пареа и се меша во првиот дел од масата, а во вториот се става малку рум.
  6. На плехот ставете мрсна хартија за печење и првиот дел од масата (со чоколадо) префрлете го и со раце обликувајте квадрат, а со нож измазнете го горниот дел и рабовите.
  7. На истиот начин ставете уште една маса и направете го истото.
  8. Остатокот од чоколадото растопете го на пареа, додадете малку масло и прелијте го врз бајадерата.
  9. Бајадерата се остава во фрижидер да се стегне, па следниот ден се сече на коцки со големина по желба
Претходна објаваИма вистински момент: Кога е најдобро време за нанесување крема на суви раце
Следна објаваШто да направите кога се појавуваат ноќни грчеви во нозете

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име