На срцев удар му претходат два симптоми
Ненадејната срцева дисфункција е една од најчестите причини за смрт воопшто
Срцев удар е ненадејно губење на функцијата на срцето, дишењето и свеста.
Срцев удар е ненадејно губење на функцијата на срцето, дишењето и свеста. За време на срцев удар, електричниот систем на срцето престанува да работи. Ако не се лекува веднаш, ненадеен срцев удар може да доведе до смрт.
Затоа е неопходно да се започне со реанимација во вистинско време. Кардиопулмоналната реанимација (CPR) не само што може да спаси нечиј живот, туку со одржување на протокот на крв во мозокот, ја одржува функцијата на мозокот.
Најчеста причина за смрт
Ненадејната срцева смрт е една од најчестите причини за смрт воопшто. Само во САД, околу 350.000 луѓе умираат од срцев удар секоја година. Неодамна беше спроведена студија во Портланд која следеше луѓе кои страдаат од ненадеен срцев удар повеќе од една деценија. За тоа време биле интервјуирани многу луѓе блиски до жртвите, но и преживеани, а детално им била прегледана медицинската документација.
Утврдено е дека половина од пациентите на средна возраст доживеале предупредувачки знаци пред ударот, најчесто во форма на болка во градите и отежнато дишење.
Можни симптоми
Иако четвртина од луѓето кои имале срцев удар не доживеале симптоми, повеќе од половина доживеале барем еден, при што повеќето имале симптоми во рок од 24 часа, иако некои имале симптоми и до еден месец порано. Болките во градите се јавуваат најчесто кај мажите, додека кај жените е поголема веројатноста да останат без здив. Други симптоми на кои треба да внимавате се несвестица и неправилни отчукувања на срцето.
Претходен срцев удар, коронарна срцева болест и некои наследни нарушувања кои влијаат на работата на срцето го зголемуваат ризикот од ненадеен срцев удар, а на луѓето кои знаат дека се изложени на зголемен ризик можеби ќе треба да им се вгради дефибрилатор за да се врати срцето во правилен ритам.