Дома Interesting Најпопуларниот начин за украсување велигденски јајца, но и еден од најздравите

Најпопуларниот начин за украсување велигденски јајца, но и еден од најздравите

511
0

Најпопуларниот начин за украсување велигденски јајца, но и еден од најздравите

Собирате лушпи од кромид, за да ги обоите велигденските јајца.

Компоненти:
20 бели јајца

20 парчиња тенки еластични чорапи 10X10 cm (старите исечете ги на оваа должина)

6 грст лушпи од кромид

2 лажици алкохолен оцет

2 литри вода

2 супени лажици сол

20 парчиња конец

20 парчиња различни листови од растенија

Светкави велигденски јајца се хит овој Велигден: Еве како можете да ги направите

Подготовка:

Листовите од растенија со различни форми ставете ги во вода за да не се исушат и полесно да се залепат за јајцето. Најлонскиот чорап исечкајте го на парчиња 10×10 cm (приближно зависи од големината на јајцата). Ставете го ливчето врз белото јајце, вметнете го во парче чорап, добро затегнете го чорапот преку јајцето, завртете го од двата краја и цврсто врзете го со конец. Јајцата се ставаат во тавче, на чие дно е наредена една третина од кромидот. Кога ќе се наредат 10 јајца, ставете ја втората третина од кромидот, повторно наредете ги јајцата и покријте ги со остатокот од кромидот. Истурете ладна вода четири прста над кромидот, посолете и додадете оцет и оставете да се свари. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете 15 минути, исклучете го и оставете ги јајцата уште половина час. Извадете ги, ставете ги во ладна вода и кога ќе се изладат извадете ги од чорапите и оставете ги да се исушат. Секое јајце премачкајте го со памук натопен во масло.

Претходна објаваДОМАШНИ ПОГАЧИЦИ СО СИРЕЊЕ: Не се месат
Следна објаваАко вака го мерите крвниот притисок ЌЕ ДОБИЕТЕ НЕТОЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Експертите откриваат КАДЕ грешите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име