Дома Твој Готвач Најоригиналниот рецепт за тавче гравче…

Најоригиналниот рецепт за тавче гравче…

992
0


Традиционално македонско јадење. Јадење по кое сме препознатливи. Може да се подготви во посна и мрсна варијанта, денес се одлучивме за посната варијанта на гравче тавче…

Состојки:

500 гр грав

2 моркови

1 црвен кромид

2 чешниња лук

брашно 20гр

масло

слатка мелена пиперка 20гр (црвен пипер)

ловоров лист

сув зачин

нане

сол

магдонос

бибер

Подготовка:

Прелијте го гравот во вода и оставете да зоврие, па оставете го да отстои неколку часа. Потоа прелијте ја таа вода, прелијте со друга, ставете ловоров лист и оставете да зоврие.

Кога ќе се свараи околу половина од времето предвидено за варење ( се вари околу 2часа), ставете ги морковите исечкани на прстени.

Во посебна тава ставете го сечканиот црвен кромид да се пржи. Кога ќе добие златна боја додадете ситно сечкан лук и слатка мелена пиперка. Сето тоа го динстаме со малку вода 10 минути. Кога се е готово, се меша со сварениот грав, се додаваат листовите свежо нане и свеж магдонос и се префрлаат во земјен сад или огноотпорен сад и се ставаат околу 15 минути во рерна на 200 степени да се потпече. Кога ке добие запечена кора гравче тавчето е готово.

Добар апетит!

Претходна објаваДенес е Бадник, голем православен празник пред денот на Христовото раѓање
Следна објаваКвиз – Колку добро ги познаваме македонските писатели

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име