Најлесен рецепт за алва со 4 состојки
Доколку сте љубител на слатки и обожавате стари рецепти, овој ќе ви стане еден од омилените.
Алва, популарното слатко кое пристигна од Блискиот Исток, ги освои и нашите простори и генерално се прави во три сорти – со таан, гриз или пченично брашно.
Алва со таан е малку потешка за правење, бидејќи маслото од таан често се одвојува од остатокот од смесата, па затоа е потребно често и енергично мешање.
Од друга страна, алвата направена од гриз или пченично брашно има текстура која потсетува на колачи покриени со шеќерен сируп, полесно се подготвува и може да ја збогатите со додавање бадеми, лешници, ореви или кокос – во зависност од тоа кој вкус го сака вашето семејство.
Покрај тоа, од пченично брашно можете да направите алва кога сакате, бидејќи содржи само четири состојки кои секоја домаќинка секогаш ги има во кујната.
Компоненти:
- една чаша масло (мерката е чаша од 180 мл)
- 2 чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша вода
Подготовка:
Истурете го маслото во тавата, додадете го брашното и сè добро измешајте да нема грутчиња, па загрејте го на средна температура на шпоретот. Важно е смесата постојано да се меша, за брашното да не се „фати“ на дното на тавата. По 25 минути смесата треба да добие убава златна боја.
Потоа во смесата истурете мешавина од чаша шеќер и чаша вода и повторно нежно измешајте за да се соедини течноста со смесата во тенџерето. Кога алвата ќе почне да се одвојува од садот, тоа е знак дека е готова.
Можете да го извадите со топка за сладолед или да го префрлите во помали садови и да го оставите да се излади, а потоа декорирајте со ореви, лешници, бадеми, ф’стаци или кокосово брашно.