Дома Здравје Начинот на кој дишеме значително влијае на нашето здравје

Начинот на кој дишеме значително влијае на нашето здравје

215
0

Веројатно верувате дека не можете да направите ништо лошо додека дишете, бидејќи тоа е витална потреба на телото и по неа постапуваме автоматски и без размислување, меѓутоа, лекарите сметаат дека тоа не е вистина.

Начинот на кој дишеме има огромно влијание врз нашето здравје. Доктор Зак Тарнер понуди неколку совети преку својата колумна.

„Мислам дека ова е фасцинантна тема и особено големо прашање затоа што сите нè тера да ги преиспитуваме едноставните работи што нашите тела ги прават секој ден“, вели докторот.

Важно е, истакнува д-р Тарнер, да внимаваме како дишеме, бидејќи многу поздраво и поприродно е да се дише преку нос отколку преку уста.

„Наједноставната причина е што дишењето низ нос е поприродно и му помага на вашето тело да го користи воздухот што го дишете поефикасно“, вели д-р Тарнер.

Тој, исто така, истакна дека повеќето луѓе што го читаат ова ќе забележат дека тие навистина дишат од носот.

“Тоа е затоа што размислувате за тоа. Околу 30 до 50 отсто од возрасните дишат преку устата, особено во првиот дел од денот. Дишењето преку устата може да доведе до здравствени проблеми и да предизвика лош здив и сува уста. Од друга страна, носот е совршено дизајниран за безбедно дишење. Може да филтрира туѓи честички благодарение на влакната во него. Носот може да го навлажнува и вдишениот воздух што ја олеснува работата на белите дробови“, вели докторот.

Користете го носот

Вашата уста е совршено дизајнирана за јадење, пиење и зборување, но го нема она што го има носот. Дишењето преку уста го зголемува ризикот од астма, кариес, гингивитис, изложеност на туѓи честички како бактерии и патогени и ‘рчење, објасни докторот.

Свесно користете го носот за да дишете и полека ќе го тренирате телото да го прави тоа потсвесно. Ќе ги искористите сите придобивки.

Не заборавајте на вашиот стомак

Луѓето „дишат со стомак“, а веднаш над стомакот се наоѓа главниот мускул во процесот на дишење, дијафрагмата. Правилното дишење започнува во носот, а потоа се движи кон стомакот додека дијафрагмата се собира, абдоменот се шири и белите дробови се полнат со воздух.

Тоа е најефикасен начин за дишење, бидејќи ги повлекува белите дробови, создавајќи негативен притисок во градите, што резултира со проток на воздух во вашите бели дробови.

Одржувајте здрав начин на живот

Редовното вежбање ги одржува вашите бели дробови да работат добро, а добро балансираната исхрана може да ви помогне да останете активни.

Избегнувајте обилни оброци и храна која предизвикува надуеност за да го спречи кревањето на желудникот и да го ограничи движењето на дијафрагмата.

Важноста на правилното дишење

Начинот на кој дишеме е многу важен за многу работи, почнувајќи од тоа како размислуваме, до односот со светот, а пред се е важен за здравјето и рамнотежата на секој органски систем во нашето тело.

Претходна објаваТреба да знаете: Пет незгодни вистини за долготрајните врски
Следна објаваЦел живот погрешно го користите ЛУКОТ: ОВа никогаш да го правите!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име