Направете ја оваа мешавина од чај за мирен стомак
Билен чај за подобрување на варењето и намалување на желудочните киселини….
Во книгата „Мојот природен лек“, Рика Зараи (позната израелска пејачка која со години истражува природна медицина откако се соочи со тешка болест) го открива својот „таен“ рецепт за мешавина од чај што ќе ви помогне доколку страдате од варење и киселина во желудникот, а по сите празници, веруваме дека на многу луѓе им треба токму ваков пијалок.
Состав:
20 гр анасон
20 гр риган
20 гр цветови од камилица
20 гр мелиса
20 гр нане
20 гр кора од портокал
20 гр корен од сладунец
20 гр жалфија
Подготовка за два дена:
Четири лажици од оваа смеса се ставаат во тенџере кое оди на оган.
Истурете четири големи чаши вода. Кога ќе зоврие оставете полека да се вари уште три минути. Тргнете го од оган и поклопете.
Оставете го чајот да отстои 15 минути. Процедете и испијте една чаша после ручек и вечера.