Дома Здравје Направете пијалок за детоксикација на дебелото црево со само четири состојки

Направете пијалок за детоксикација на дебелото црево со само четири состојки

1149
0

Дефинитивно ќе се чувствувате подобро…

Најважно е да се исчистат цревата, орган кој го претставува филтерот на телото и низ кој минуваат токсините. Симптоми кои укажуваат дека на цревата им е потребна детоксикација се: запек, надуеност, проблематична кожа, чести уринарни инфекции, нарушување на меморијата, промени во расположението, хроничен замор, болки во мускулите и зглобовите.

Урамнотежената и органска исхрана, која се состои од свежа и целосна храна, овошје и зеленчук, е клучна за детоксикација. Во нашето мени има многу природни помагачи кои можат да ве поттикнат да ги исфрлите токсините од цревата. Еден од нив е следниот природен пијалок.

Состојки:

100 мл зовриена вода
200 мл природен јогурт или кефир без адитиви
1 лажица мелено ленено семе
1 лажица исцеден сок од лимон
прстофат цимет

Подготовка:

Сите состојки, освен водата, добро измешајте ги во една чаша. Потоа постепено додавајте вода за да се разреди растворот. Мерката можете да ја поделите на два дела. Особено ќе помогне при запек и надуеност, но напитокот треба да се избегнува доколку имате дијареа.

Можете да го консумирате еднаш дневно во следните 15 дена со цел да ги детоксицирате цревата и телото. Доколку имате здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред да го користите напитокот. Напитокот не е замена за оброк, но важно е да се храните здраво за време на процесот на детоксикација.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име