Дома Health Направете го сами дома…Систематски преглед во 7 чекори!

Направете го сами дома…Систематски преглед во 7 чекори!

364
0

Направете го сами дома…Систематски преглед во 7 чекори!

Само 60 секунди се доволни за да ја откриете состојбата на вашето тело со помош на неколку брзи и лесни домашни самопрегледи. Проучете ги вашите дневни рутини и направете краток систематски преглед.

Проверете ги очите – очниот преглед може да открие многу за вашето здравје. Треба да има чиста и светла бела боја. Црвенилото на очите го предизвикуваат малите крвни садови кои поради одредена причина се шират и стануваат видливи, а склерата може да пожолте. Направете тест со набљудување на белката на дневна светлина 7 дена по ред. Ако неговата боја се промени, причината може да биде недостаток на сон, иритација, алергија или напор, но доколку остане непроменета, побарајте помош од лекар.

Прегледајте ја четката за коса – Губењето на косата може да биде показател за широк опсег на промени во телото. Ако забележите повеќе влакна од вообичаено на четката по четкањето, темелно исчистете ја четката и забележе ги влакната при следното четкање.

Дали имате ЖОЛТИ, ДЕБЕЛИ И ВРАСТЕНИ НОКТИ? Посетете ДОКТОР, можеби се знак за ОВАА БОЛЕСТ

Дувнете го носот – Нормално дишење значи дишење преку нос, што ја опишува и нормалната состојба на носната слузница. Но, и најмала промена во организмот може да ја наруши таа состојба. Дувнете го носот во бело марамче.
Ако не исфрлите ништо, слузницата ви е здрава. Ако исфрлите течна проѕирна слуз, најверојатно тоа е поради иритација, промена на температурата или алергија. Жолтеникава или зеленикава слуз опишува некакво воспаление што треба да се следи.

Проверете ги ноктите – Здравиот нокт е цврст, јасен и транспарентен. Секоја промена на неговата површина може да биде показател за голем или помал проблем. Испитајте го секој нокт детално и проверете дали има некои значајни промени.
Белузлавите дамки може да значат недостаток на витамини и минерали во телото, додека жолтеникавите дамки може да укажуваат на габична инфекција. Доколку забележите ваква или слична промена, бидете внимателни и следете ги промените. Доколку ситуацијата се влоши или промени и не исчезне, побарајте стручна помош.

Проверете ги забите со забен конец – Конецот е важен дел од оралната хигиена. Но, таквата рутина може да биде показател за некои поголеми промени во вашата уста. Користете парче конец за да го исчистите просторот помеѓу непцата и забите.
Ако забележите крварење, не треба да се грижите бидејќи тоа може да биде индикација за чувствителни непца или мала инфекција што може да ја реши со конец. Но, ако непцата не престануваат да крварат по чистењето, побарајте совет од стоматолог.

Прегледајте ја урината – Нормалната боја на урината треба да биде чиста светло жолта боја. Промените во урината можат да бидат предизвикани од бројни фактори како што се храната, пијалокот и некои здравствени проблеми.

Проверете ја кожата – Ракот на кожата е втора најчеста болест кај жените на возраст од 20 до 29 години. Токму затоа и самиот преглед на телото е многу важен. Честопати, детално прегледајте ја кожата, од лицето и вратот до стапалата. Доколку забележите невообичаени промени или нови бенки, дамки или депигментација на вашата кожа, побарајте совет од лекар.

Претходна објаваСите зборуваат за овој рецепт: Едноставна торта со банани и бисквити! (РЕЦЕПТ)
Следна објаваСекоја вечер пред спиење јадела по 1 лажица мед: Еве што се случило во нејзиното тело после 2 недели

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име