Дома Твој готвач Наполнети или празни: Највкусните домашни крофни

Наполнети или празни: Највкусните домашни крофни

2413
0

Без разлика како ќе ги јадете ова е рецептот за највкусните домашни крофни….

Потребни состојки:
1 лажица квасец
1 лажица шеќер
1 шолја масло
700 гр брашно
1 лажица сол
1 кесичка прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Истурете малку млеко во садот и додадете 1 лажица квасец, оставете го да се активира.

Во друг сад ставете ги брашното, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, маслото, додадете го квасецот и измешајте. Замесете тесто со сите состојки.

Оставете го тестото да одмори еден час. По еден час ставете го на маса и со сукало развлечете го до 1 сантиметар.

Извадете со чаша или калап, оставете да отстои уште еден час да нарасне. Во тавата каде што ќе ги пржите крофните сипете масло или маснотии, ставете го на оган да се загрее, но не многу жешко.

Кога маслото или маснотиите ќе почнат да крчкаат, ставете ги крофните, покријте ги и не допирајте ги додека не нараснат. Пржете додека не поруменат. Готовите крофни ставете ги на салфетка за да се впие вишокот маснотии. Кога ќе бидат готови, посипете ги со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име