Дома Живот Налепниците на бананите не ги има случајно, а еден БРОЈ е многу...

Налепниците на бананите не ги има случајно, а еден БРОЈ е многу важен

451
0

Во денешно време е вообичаено овошјето, претежно во супермаркетите, да има налепници, а луѓето најчесто ги вадат пред јадење и не обрнуваат премногу внимание, а за повеќето тоа е само името на производителот.

Сепак, тие можат да носат важна порака. Покрај името на производителот, според прописите за квалитет, декларациите треба да содржат и бројки кои пред се откриваат како всушност се одгледувало овошкото дрво.

Четири бројки на налепницата

Ако на декларацијата покрај името на производителот видите четири бројки кои почнуваат со бројот три или четири, знајте дека таа банана (или некоја друга храна) се одгледувала со вештачки ѓубрива. Така, на пример, лимоните се означени со бројот 4033, додека бананите имаат броеви 4011.

Пет броја

А ако видите декларација со пет броја на храната, од кои првиот е број 9, знајте дека е од органско потекло, поточно дека не е прскана со пестициди и е природно одгледувана.

Првиот број е осум

Почетниот број осум на декларацијата ви испраќа многу предупредувачка порака, а тоа е дека таквата храна е генетски модифицирана (ГМО). Ваквите банани на себе го имаат бројот 84011. Инаку, ГМО се организми чиј генетски материјал е променет со различни методи на генетски инженеринг, најчесто со вметнување на дел од генетскиот материјал (ДНК) на еден организам во ДНК на друг организам. .

Одгледувањето, трговијата и консумирањето на ГМО е официјално забрането во многу земји, а со закон, производ од растително потекло не смее да содржи повеќе од 0,9 примеси на овие организми и примеси од ГМО потекло.

Претходна објаваРецепт за ЕДНОСТАВЕН ПОЈАДОК готов за 5 минути
Следна објаваОва е менито на најздравите луѓе во светот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име