Надуеност на желудникот
Состојбата во која вашиот гастроинтестинален тракт е полн со воздух или гас, манифестирана со затегнат преден абдоминален ѕид со изразено чувство на исполнетост, непријатност и болка не е невообичаена.
Можно е појавата на надуеност да биде поврзана со други посериозни симптоми:
Повраќање, гадење,
Дијареа,
Горушица (регургитација),
Запек,
Зголемена телесна температура,
Слабеење (ненамерно),
Крв во столицата,
Вагинално крварење,
Најчестите причини за надуеност се:
Храна (мешунки, зелка, карфиол…), гуми за џвакање, газирани пијалоци, храна со вештачки засладувачи,
Недоволно и нецелосно празнење, стагнација во празнење на цревата,
Прејадување,
гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ),
Менструален циклус (кај некои жени),
Хормонална нерамнотежа,
Причини од други медицински состојби и болести:
Нетолеранција на храна,
Инфекција,
Воспаление (дивертикулитис),
Синдром на нервозно дебело црево (Дебело црево иритабилно),
Воспалителна болест на карлицата (ПИД) и воспалителна болест на цревата (Мб. Кронова),
Рак (јајници, матка, дебело црево, панкреас),
Лекови (антациди, ацетил-салицилна киселина, опиоидни аналгетици, додатоци, мултивитамини, таблети од железо…),
Депресивни состојби и анксиозни состојби,
Што да се прави?
Обидете се да разберете под кои околности се јавува надуеност, со што е поврзано и како исчезнува,
Избегнувајте храна која предизвикува симптоми,
Јадете многу влакна (житарици) и пробиотици (јогурт),
Вежбајте или прошетајте брзо,
Обрнете внимание на тоа дали празнењето е соодветно на внесот – многу пациенти не знаат дека имаат запек,
Доколку симптомите не исчезнат со диететски мерки и надуеноста не се јавува само повремено, посетете интернист-гастрентеролог,
Лабораториски анализи на крв и урина, детална историја, клинички преглед и ултразвучен преглед на абдоменот се наменети за откривање или елиминирање на придружните состојби или болести кои би можеле да бидат причина за надуеност.