Доколку имате проблеми со циркулацијата, болки во нозете и чувство на „тешки нозе“, ова е вистинското решение за вас
Варикозните вени се една од честите последици од нарушувањата на циркулацијата. Оваа болест е почеста кај жените, но се јавува и кај мажите.
Појавата на проширени вени најчесто е предизвикана од неправилно функционирање на циркулаторниот систем, но има и други причини кои ја предизвикуваат болеста.
Бањата за нозе е едноставен метод кој може да се практикува секојдневно. Не само што ја подобрува циркулацијата на крвта, туку и релаксира, го ублажува заморот на нозете, освежува, а исто така ја ублажува болката поврзана со проширени вени.
Истурете млака вода во длабок леген или кофа. Додадете морска сол и шолја јаболков оцет и ставете ги стапалата во садот. Идеално, водата треба да биде речиси до вашите колена. Во текот на 20 минути додека нозете треба да бидат во вода, масирајте ги потколениците и стапалата.