Мед, ѓумбир и лимон во борба против вируси и настинки (рецепт)
Направете сами домашна смеса која го зајакнува имунитетот.
Зајакнете го имунитетот со помош на домашна смеса за која ви се потребни само 3 состојки. Ѓумбирот го олеснува варењето на храната, го стимулира производството на гастричен сок и го подобрува апетитот. Медот совршено ја враќа силата на телото по болест. Лимонот го забрзува губењето маснотии, содржи многу витамин Ц. Смесата најдобро се консумира со чај.
Состојки:
5 лимони
60-70 гр ѓумбир
250-300 гр мед
Подготовка :
Потопете го лимонот во вода со сода бикарбона, а потоа исплакнете со ладна вода. Исечете го на прстени и извадете ги семките. Исечете го ѓумбирот на тенки парчиња. Наполнете ја теглата наизменично со парчиња лимон, ѓумбир и мед. Потоа цврсто затворете, свртете наопаку и оставете 24 часа. Можете да го чувате до две недели на ладно место.