Дома Здравје Мед и млеко – одличен пар, Зошто???

Мед и млеко – одличен пар, Зошто???

285
0

Медот и млекото се индивидуално одлични за здравјето. Но, кога ќе се спојат нивните својства, се добива одличен напиток, кој покрај одличниот вкус има и различни лековити својства.

Млекото е одлично за хидратација, здравје на коските, регулација на крвниот притисок, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, спречува дебелина и дијабетес тип 2, а некои студии покажаа дека го намалува ризикот од рак на дојка и дебелото црево.

Медот е одличен засладувач, извор на енергија, одличен е за слабеење бидејќи го поттикнува трошењето на масти, ја подобрува издржливоста, има антибактериски, антифугинални и антиоксидантни својства.

Веројатно веќе имате мед и млеко во вашата кујна и ретко размислувате колку овие две состојки се моќни како лек. Еве зошто тие се фантастично дуо:

Тие се грижат за кожата

И медот и млекото имаат антимикробни својства. Оваа карактеристика е уште подобра кога двете состојки се мешаат. Многу средства за чистење на лицето се направени со млеко и мед. Интересно е што оваа комбинација се користи во различни здравствени центри низ светот. Измешајте три лажици топло млеко и една лажичка мед, натопете памук во смесата и исчистете го лицето.

Тие нè прават поиздржливи

Чаша млеко и две лажици мед наутро ќе ја подобрат издржливоста во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот ги содржи потребните јаглехидрати. Секој може да пие млеко и мед, без разлика на возраста.

Го забавуваат стареењето

Истражувањата покажаа дека млекото и медот влијаат на целото тело, а не само на кожата кога станува збор за стареењето. Луѓето во многу древни цивилизации (Грци, Римјани, Египќани и Индијци) пиеле млеко и мед за да ја зачуваат својата младост.

Имаат антибактериско дејство

Истражувањата покажаа дека комбинацијата на млеко и мед е поефикасна против стафилококните бактерии отколку само млекото и медот.

Добри за варење

Чаша топло млеко со две лажички мед помага при запек, надуеност и болести на цревата.

Тие лекуваат респираторни заболувања

Топлото млеко е одличен лек за настинка и кашлица, како и медот. Ако ги споиме нивните својства, добиваме уште подобар лек.

Добар сон

Подобро од чаша топло млеко пред спиење е чаша топло млеко со лажичка мед. Премногу шеќер ќе ве разбуди и ќе ве натера да се нервирате, но многу малку гликоза ќе му каже на вашиот мозок да го исклучи орексинот, невротрансмитерот одговорен за дневната будност.

Претходна објаваХрана за посилни коски
Следна објаваПробајте ја диетата со тиква

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име