Дома Твој готвач Мафини со мед: Толку сочни и вкусни што ќе заборавите на сите...

Мафини со мед: Толку сочни и вкусни што ќе заборавите на сите други слатки

668
0

Ви предлагаме рецепт за десерт кој ќе ги заслади вашите зимски денови…
Состојки:
3 јајца,
70 гр шеќер,
1 ванилин шеќер,
80 гр путер,
90 гр мед,
прстофат каранфилче и морско оревче,
1 лажица цимет,
1 лажица зачин од ѓумбир,
1 лажица кора од портокал,
100 мл млеко,
260 гр бело брашно,
1 прашок за пециво,
џем од кајсија или слива по желба,
Подготовка:
Изматете ги со миксер јајцата со шеќерот, а потоа додадете ги стопениот путер, медот и млекото.
Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, па комбинирајте ги со смесата со јајца и мешајте додека не добиете мазна смеса.
Со смесата наполнете ги калапите за мафини до половина.
Над смесата додадете по една лажица џем и дополнете ги калапите за мафини со преостанатата смеса.
Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 целзиусови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име