Дома Живот Маска за лице направена од само 3 состојки…

Маска за лице направена од само 3 состојки…

160
0

Маска за лице направена од само 3 состојки, длабоко ја хидрира и ја храни кожата: Мора да ја пробате!
Со редовна употреба, ќе ја обновите кожата на лицето…
Кинеските и јапонските жени можат да се пофалат со совршен тен и лице без ниту една брчка. Тие редовно ја хранат својата кожа со оваа маска, во која главна состојка е оризот.


Оризот е богат со витамини од групата Б, кои го стимулираат обновувањето и растот на клетките, го подобруваат и забрзуваат протокот на крв во кожата на лицето и го забавуваат стареењето на клетките. Го враќа сјајот на кожата, ја прави нежна и исклучително мека.
Еве што ви треба:
3 лажици ориз,
1 лажица млеко,
1 лажица мед,
Подготовка:
Во мал сад натопете три лажици ориз во ладна вода и ставете го на шпорет да зоврие. Додека оризот преврие, подгответе една лажица млеко и една лажица мед.
Кога ќе процените дека оризот е подготвен, тргнете го од оган и исцедете го, по што треба да го изгмечите . Направете го ова со лажица, а вака добро испасираниот ориз полесно се нанесува на кожата на лицето. Додадете ги останатите состојки и убаво комбинирајте ги.
На чиста кожа, нанесете ја маската со прстите. Оставете ја да делува околу половина час, а потоа отстранете ја со крпа натопена во вода.

Претходна објава7 моќни придобивки од киселата зелка: Го штити срцето, ги зајакнува коските и го намалува ризикот од рак!
Следна објаваДенеска се празнува Св. Антониј Велики

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име