Дома Нега и убавина Маска за лице направена од куркума и мед ќе ја освежи и...

Маска за лице направена од куркума и мед ќе ја освежи и врати сјајот на кожата

255
0

Куркумата потекнува од Индонезија и јужна Индија, а низ историјата се користела како зачин, средство за заздравување на рани и боја за текстил.

Овој зачин е извор на диетални влакна, витамини и минерали и биолошки активни соединенија кои имаат бројни корисни ефекти врз нашиот организам.

Најважната состојка на куркумата е куркуминот, полифенол од групата куркуминоиди одговорни за жолтата боја на ова растение.

Тоа е природен жолт пигмент, има бројни позитивни ефекти врз телото, каде што се истакнуваат силните антиинфламаторни, антиоксидантни, антиинфективни и антиканцерогени ефекти.

Покрај здравјето на внатрешните органи, куркумата можете да ја користите и надворешно за да ја направите кожата убава и негувана.

Маска за лице

Можете исто така да нанесете куркума на вашето лице, на пример, во форма на маска за да ја направите вашата кожа почиста и поубава.

Начин на подготовка: помешајте две лажици незасладен јогурт со половина лажичка куркума и една лажица мед. Од смесата ќе добиете маска која треба да ја нанесете на кожата на лицето и да ја оставите пет минути, а потоа да ја измиете. Можете исто така да користите влажна крпа за да ја исчистите маската од лицето пред миење.

Гел против акни

Антивоспалителните својства на куркумата ќе помогнат во борбата против акните. Направете паста од мед и куркума во сооднос 2:1 и нанесете го природниот гел на акните. Оставете да делува неколку минути и исплакнете.

Претходна објаваПолнети Компири – Рецепт
Следна објаваСимптоми кои не треба да ги игнорирате

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име