Макало со праз… Многу едноставно и многу вкусно македонско традиционално јадење…
Состојки:
10 или повеќе црвени сушени пиперки (лути или благи по вкус)
2 страка праз
1-2 лажички сол
50 мл. масло
3-4 лажици вода каде што се варени пиперките
Постапка:
1 . Варете ги пиперките додека убаво да омекнат
2 . Празот ситно исечкајте го и измешајте го со сол и истолчете го во толчник додека празот малку омекне и испушти малку вода.
3 . Додадете ги пиперките исецкани.
4 . Додадете ја водата во која се варени пиперките и прелијте се со врело масло
5 . Промешајте, вкусете за сол и оставете да крчка неолку минути.
6 . Добар апетит
Послужување:
Одлична комбинација е со парче бело сирење, неколку маслинки и топол домашен леб… На здравје