Дома Life Мажот треба да се разведе од мајка си пред да се ожени...

Мажот треба да се разведе од мајка си пред да се ожени со жена

399
0

Мажот треба да се разведе од мајка си пред да се ожени со жена
Драги мои жени, ако мислевте дека вашиот маж е независен маж кој не е под влијание на неговата мајка – веројатно се лажете.

Она што веројатно не сте го забележале до сега, а покажуваат истражувањата, е фактот дека мажите многу наследуваат од своите мајки. Оттука доаѓа нивната поврзаност. Со тоа, големи се шансите дека кај вашиот маж ќе најдете се што мразите кај неговата мајка.

Секако, неговата мајка секогаш треба да има посебно место во животот на синот и секако секоја жена треба да го почитува тоа, но не сите сме родени за да се разбираме. Некогаш луѓето не се согласуваат со сопствените родители, зошто да мораат со туѓите?

Психологија на привлечност: Како избираме емотивни партнери

Без разлика дали мажот се оженил на рана или доцна возраст, колку и да поминувал дома, живеејќи со родителите (поточно со мајка му), тој апсорбирал многу од неа. Таа е првата женска фигура во неговиот живот која ги претставува сите останати женски фигури.

Ако мајка му е лепенка, веројатно ќе помисли дека сите се такви. Ако мајка му често „ѕвони“ ќе помисли дека сите жени се родени само за да ѕвонат. Како неговата мајка се позиционирала кон него и каква слика за жени создал во неговата глава, наспроти неа, во голема мера се одразува на неговиот брак.

Она што мажите треба да го разберат е дека сите жени се различни, и дека треба да се „разведат“ од својата мајка кога ќе се омажат за жена.

Затоа, заборавете на изјавите „Мајка ми знаеше подобро“, „Мајка ми никогаш не го правеше тоа“.

Жена ти не ти е мајка и престани да ја споредуваш со неа!

Претходна објаваГРЧКИ ГОВАЧ ОТКРИ КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ НАЈДОБРИОТ ПЕКАРСКИ КОМПИР: Тајната е во само една состојка, а сите ќе бидат воодушевени кога ќе го направите!
Следна објаваХОРМОНАЛНИ НАРУШУВАЊА: Кои се болестите на хипофизата и како да ги препознаете?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име