Дома Здравје Магнезиумот прави чуда за здравјето

Магнезиумот прави чуда за здравјето

1008
0

Наместо да ја сведуваме здравствената грижа на добар одмор или да бараме чудесен еликсир, прво треба да провериме дали ја земаме потребната дневна доза на магнезиум.

Многумина веруваат дека болестите како срцеви проблеми, главоболки, висок крвен притисок, алергии, мускулна напнатост, дијабетес и многу други здравствени проблеми би можеле да се решат со намалување на секојдневниот стрес или забавување на темпото на живот.

Затоа, погрешно сметаме дека сите овие проблеми се причина, а не последица на некоја друга нерамнотежа. Дневниот внес на препорачаната доза на магнезиум често е решение за спречување и ублажување на многу здравствени проблеми.

Истражувањата покажуваат дека 80 отсто од населението има некои од симптомите на недостаток на магнезиум. Причината за тоа е фактот што поради се поагресивното хемиско третирање на почвата, храната и водата не поседуваат доволно количества од овој корисен минерал.

Дали знаевте дека магнезиумот е еден од најважните интрацелуларни минерали? Над 350 витални клеточни реакции се директно зависни од присуството на овој минерал во потребната количина.

Магнезиумот помага во регулирањето на отчукувањата на срцето и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој минерал ги ублажува проблемите со срцето, го стабилизира крвниот притисок, учествува во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, ја подобрува физичката состојба и ја регулира функцијата на цревата.

Недоволното количество на магнезиум во организмот е најчеста причина за хипертензија, неправилно чукање на срцето и други сериозни нарушувања.

Симптоми на недостаток на магнезиум може да бидат: општа слабост, чувство на замор, несвестица, вртоглавица, нарушување на спиењето, грчеви во мускулите, неправилно чукање на срцето, анксиозност, нервоза, раздразливост, алергии, треперење, низок крвен шеќер.

Магнезиумот е минерал кој не се произведува во нашето тело и затоа е неопходно да се обезбеди дневен внес во соодветни количини преку храна или вода богата со овој минерал. Сепак, не сите соединенија на магнезиум имаат исти ефекти и многу е важно во каква форма го внесуваме магнезиумот.

На пример: магнезиумот во форма на сулфат (горчлива сол) во занемарлива количина влегува во крвотокот и неговото дејство врз организмот не е систематско, туку површно и само на ниво на дебелото црево.

Затоа, неопходно е да се избере магнезиум во форма на бикарбонат, кој целосно се раствора во телото и допира до секоја клетка од нашето тело. Таков магнезиум најчесто се наоѓа во водата.

Светската здравствена организација препорачува 330 до 380 мг/л дневно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име