Дома Нега и убавина Магдоносот е магична билка: Отстранете ги темните кругови лесно и природно

Магдоносот е магична билка: Отстранете ги темните кругови лесно и природно

451
0

Магдоносот е магична билка: Отстранете ги темните кругови лесно и природно

Магдоносот е богат со витамини Ц и К и помага за освежување и хидратација на кожата


Козметичарите кои претпочитаат „домашна“ нега имаат уште едно решение освен облоги со камилица и нанесување лажица од замрзнувачот до очите – магдонос . Магдоносот е се што ви треба.

Сите придобивки од чајот од магдонос

Што ти треба?

Грст свеж магдонос, мал сад за матење, дрвена лажица, малку топла вода или јогурт и две прамени.

Како?

Магдоносот исечкајте го, ставете го во сад и со лажица убаво притиснете ги листовите за да се ослободи повеќе сок. Додадете ја топлата вода и постојано мешајте добро да се соедини. Доколку сакате погуста смеса, наместо вода прелијте со млак јогурт. Оставете ја смесата малку да отстои, па со неа намачкајте ги туфтерите, ставете ги на очите, легнете на грб и почекајте 10 минути, па измијте се.

Колку често?

Доволно е да го повторувате овој третман два пати неделно, а ако можете и почесто. Не може да боли.

Како работи?

Магдоносот е богат со витамини Ц и К, а двете состојки помагаат во освежување и хидратација на кожата. Добри резултати ќе забележите за неколку недели. Темната боја ќе исчезне и ќе изгледате поодморено.

Претходна објаваОРИГИНАЛНИ фотографии од откривањето на гробницата на Тутанкамон
Следна објаваПрвиот десерт на светот: Ви требаат само две состојки и има фантастичен вкус (РЕЦЕПТ)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име