Лушпата на ова овошје помага во отстранување на брадавиците и лечи псоријаза
Пробајте го пред да посегнете по хемиски производи
Кората од банана е одлична кога имате кожни болести.
Кората од банана обично се фрла бидејќи малкумина знаат како може да се користат. Бананата е здраво овошје, се користи во многу рецепти при подготовка на здрави слатки, а полна е и со влакна.
Кора од банана е добра и кога имате кожни болести. Намачкајте ја кожата со кора од банана, таа ќе делува како антиоксиданс, ќе ја хидрира, ќе го ублажи чешањето и ќе помогне при псоријаза. Се користи внатрешната страна на кората.
Обичните, безопасни брадавици може да се отстранат ако ги триете со внатрешноста на кората од банана.
Белење на заби
Она што ќе го сакате е тоа што, како кокосовото масло, внатрешноста на кората од банана има моќ да ги избели вашите заби на здрав начин. Треба да ги триете забите со банана, да го правите тоа секој ден и да го практикувате во следните 15 дена. Ќе забележите значително подобрување.
Секако, секогаш се препорачува употреба на природни препарати, бидејќи сигурно нема да има никакви штетни последици како кога користите хемиски производи.
Повеќе придобивки од ова овошје:
- бананите се полни со влакна, го подобруваат процесот на варење
- понекогаш се користат на диети
- полни се со антиоксиданси
- богати се со витамин Ц
- добри се во борбата против анемијата
- ви помагаат да ослабете бидејќи го потиснуваат чувството на глад