Малите колачи обично се најпопуларниот дел од празнувањето, а доколку имате посно мени за прославата, тие одлично ќе се вклопат.
Посните мали колачи се ѕвезди на секоја прослава, а се попопуларната веганска кујна ни дава многу можности да го збогатиме менито.
Доколку се одлучите да направите топчиња со лимон, нема да ви треба многу време за подготовка, како и рерна, миксер, шеќер…
Состојки:
1 шолја кокосово брашно
2 лажици мед
2 лажици кокосово масло
½ чаша ситно сечкани бадеми
сок од еден лимон
прстофат куркума
свежи листови од нане
Подготовка
Во блендер ставете кокосово масло, бадеми и мед и блендирајте една минута. Потоа прелијте со сок од лимон и малку куркума и продолжете со блендирањето додека не добиете хомогена смеса.
Потоа направете топчиња и валкајте ги во кокосово млеко, па оставете ги да отстојат во фрижидер преку ноќ.
Украсете со листови нане пред сервирање.