Дома Health Лекови против стрес и нервоза

Лекови против стрес и нервоза

951
0

Големата потрошувачка на средства за смирување наметнува потреба од информации за природни средства кои ги олеснуваат моментите на стрес и несоница.

Ако изберете вежби за опуштање или работите на себе, ќе почнете да грешите. Здрава опција се и природните лекови, односно билките кои помагаат при напад на нервоза и стрес.

Во светот постојат голем број на растенија кои благотворно делуваат на здравјето, а ние ви пренесуваме неколку информации за оние кои ни се достапни.

Лаванда

Лавандата се користи уште од античко време за спречување на несоница и нервни заболувања. Можете да ставите лаванда во бањата пред спиење или да подготвите смирувачки чај. Освен што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и возбудата, чајот од лаванда поволно делува и на нарушениот сон. Лесно се подготвува и делува брзо. Прелијте со вода две лажички цветови од лаванда и оставете да делува десет минути. По процедувањето засладете со мед и пијте по две шолји дневно.

Камилица

Лековито растение кое генерално го опушта целото тело. Ги омекнува и смирува ткивата и мускулите. Силни дози чај од камилица помагаат и при несоница. Камилицата е честа состојка во мешавините на билки за смирување.

Мајчина душица

Лековитите состојки се кријат и во листот и во цветот, а неговите есенцијални масла ги опуштаат мускулите. Со оглед на тоа што неговите состојки лесно испаруваат, потребно е чајот да се подготви во покриен сад за да не ги изгуби лековитите својства. Подготовката на чајот е едноставна: прелијте со две децилитри топла вода со лажица мајчина душица, покријте ја и оставете ја да отстои половина час. Кога чајот ќе се олади, процедете го и испијте го. Ако ве мачи горчината, засладете ја со мед.

Анасон

Анасонот може да биде одличен седатив. Анасонот ги смирува и зајакнува нервите и помага против нервоза, раздразливост, хистерија и несоница. Само треба да внимавате со него бидејќи во поголеми дози е токсичен и многу хипнотички.

Маточина

Од маточината може да се направи одлична купка која делува смирувачки, а се препорачува за луѓе кои страдаат од несоница, депресија и анксиозност. Етеричните масла кои ги релаксираат мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик се најзаслужни за лековитите својства на ова растение. Во литар вода сварете десет лажички суви листови од маточина, оставете да отстои десет минути, па процедете.

Претходна објаваТри здрави вистини за свинската маст
Следна објаваОва е НАЈБАРАНИОТ РЕЦЕПТ во светот во 2022 година! SUGO се прави за 5 минути и гарантира полн стомак и божествен вкус

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име