Дома Health Лекови против стрес и нервоза

Лекови против стрес и нервоза

436
0

Лекови против стрес и нервоза

Големата потрошувачка на средства за смирување наметнува потреба од информации за природни средства кои ги олеснуваат моментите на стрес и несоница.

Ако изберете вежби за опуштање или работите на себе, ќе почнете да грешите. Здрава опција се и природните лекови, односно билките кои помагаат при напад на нервоза и стрес.

Во светот постојат голем број на растенија кои благотворно делуваат на здравјето, а ние ви пренесуваме неколку информации за оние кои ни се достапни.

Лаванда

Лавандата се користи уште од античко време за спречување на несоница и нервни заболувања. Можете да ставите лаванда во бањата пред спиење или да подготвите смирувачки чај. Освен што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и возбудата, чајот од лаванда поволно делува и на нарушениот сон.

Лесно се подготвува и делува брзо. Прелијте со вода две лажички цветови од лаванда и оставете да делува десет минути. По процедувањето засладете со мед и пијте по две шолји дневно.

Камилица

Лековито растение кое генерално го опушта целото тело. Ги омекнува и смирува ткивата и мускулите. Силни дози чај од камилица помагаат и при несоница. Камилицата е честа состојка во мешавините на билки за смирување.

Мајчина душица

Лековитите состојки се кријат и во листот и во цветот, а неговите есенцијални масла ги опуштаат мускулите. Со оглед на тоа што неговите состојки лесно испаруваат, потребно е чајот да се подготви во покриен сад за да не ги изгуби лековитите својства.

Подготовката на чајот е едноставна: прелијте со две децилитри топла вода со лажица мајчина душица, покријте ја и оставете ја да отстои половина час. Кога чајот ќе се олади, процедете го и испијте го. Ако ве мачи горчината, засладете ја со мед.

Анасон

Анасонот може да биде одличен седатив. Анасонот ги смирува и зајакнува нервите и помага против нервоза, раздразливост, хистерија и несоница. Само треба да внимавате со него бидејќи во поголеми дози е токсичен и многу хипнотички.

Подобро е да се спречи отколку да се лекува: Еве како да го намалите ризикот од мозочен удар

Маточина

Од маточината може да се направи одлична купка која делува смирувачки, а се препорачува за луѓе кои страдаат од несоница, депресија и анксиозност.

Етеричните масла кои ги релаксираат мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик се најзаслужни за лековитите својства на ова растение. Во литар вода сварете десет лажички суви листови од маточина, оставете да отстои десет минути, па процедете.

Претходна објаваПодобро е да се спречи отколку да се лекува: Еве како да го намалите ризикот од мозочен удар
Следна објаваДали вашиот ПРИТИСОК скока штом ќе залади надвор?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име