Дома Родители и деца Лекарите ги предупредуваат родителите чии деца спијат малку или лошо

Лекарите ги предупредуваат родителите чии деца спијат малку или лошо

423
0

Лекарите ги предупредуваат родителите дека децата кои спијат помалку од девет часа би можеле да имаат проблеми со меморијата и интелигенцијата.

Експертите од Медицинскиот факултет во Мериленд велат дека недостатокот на сон или лошиот сон кај децата може да го зголеми ризикот од проблеми како што се анксиозност, импулсивно однесување и депресија.

Исто така, забележале дека кај децата кои не дремат во текот на денот, постои поврзаност со когнитивните потешкотии како што се меморијата, решавањето проблеми и одлучувањето.

„Откривме дека децата кои спијат помалку од девет часа навечер имаат помалку сива материја или помал волумен во одредени области на мозокот одговорни за контролирање на вниманието, меморијата и инхибицијата во споредба со оние со здрави навики за спиење“, вели авторот на студијата д-р Це Ванг.

Тој додаде дека „овие разлики се уште се забележливи по две години, што е загрижувачко откритие што укажува на долгорочна штета за децата кои не спијат доволно“.

Студијата, објавена во The Lancet Child & Adolescent Health, опфати повеќе од 8.300 деца на возраст од 9 до 10 години.

Лекарите две години ги разгледувале наодите од магнетната резонанца, медицинската документација и прашалниците кои ги пополнувале родителите.

„Потребни се дополнителни студии за да се потврдат нашите наоди и да се види дали некои интервенции можат да ги подобрат навиките за спиење и да ги поправат невролошките дефицити“, рече д-р Ванг.

За да му помогнете на вашето дете да спие, експертите од Американската академија за педијатрија велат дека родителите треба да поттикнуваат добри навики за спиење кај нивните деца.

Ова вклучува поставување приоритети за целото семејство и држење до редовна рутина. Тие наведуваат и дека родителите треба да го ограничат времето што нивните деца го поминуваат пред екранот и целосно да го елиминираат седењето пред екранот еден час пред спиење.

Според упатствата на „Sleep новородените бебиња до три месеци треба да спијат од 14 до 17 часа, а доенчињата до првата година од 12 до 15 часа. На малите деца им требаат од 11 до 14 часа сон, а на децата од предучилишна возраст од 10 до 13 часа. Децата до 13 години треба да спијат од девет до 11 часа, а тинејџерите од осум до 10 часа, пренесува Index.

Претходна објаваПет знаци дека не пиете доволно вода
Следна објаваНема подобар рецепт за пита со јаболка, се топи во уста!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име