Дома Здравје Лекарите велат: Секојдневното внесување на ова овошје може да спречи инфаркт и...

Лекарите велат: Секојдневното внесување на ова овошје може да спречи инфаркт и мозочен удар

1043
0

Неодамнешното истражување на научниците од Универзитетот во Алабама покажа дека секојдневното консумирање на храна богата со калиум, како што се бананите, може да спречи фатални срцеви и мозочни удари, како и намалена еластичност и стеснување на артериите.

Американските научници дошле до овој заклучок по истражувањето спроведено на глувци кои биле изложени на ризик од срцев удар.

Во одреден период, различни групи лабораториски глувци дневно добивале помала, нормална или поголема количина на калиум.

Се покажа дека крвните садови на глувците кои примале најниско ниво на калиум станале многу помалку еластични, за разлика од артериите на животните чија исхрана била побогата со овој минерал.

Но, научниците предупредуваат дека, како и во други случаи, не треба да се претерува со консумацијата на банани, бидејќи кај некои тоа може да доведе до болки во стомакот, повраќање или дијареа.


Доктор Мајк Кнаптон од Британската асоцијација за срце ја потврди информацијата за намалување на еластичноста на крвните садови и нивно стеснување.

„Со дополнително истражување ќе утврдиме дали оваа болест се развива на сличен начин кај луѓето“, изјави тој за Independent.

Британскиот институт за здравствено осигурување препорачува дневна потрошувачка од 3500 mg калиум, а на други места во Европа оваа вредност е 4700 mg.

Една банана со средна големина содржи околу 422 mg калиум.

Покрај овие плодови, со калиум богати се и компирот, брокулата, житариците, рибата, гравот, никулците, сувото грозје и живината.
Телото ќе не предупреди на недостаток на калиум во секојдневниот живот со знаци на замор, грчеви во мускулите, вртоглавица.

Срцето е исклучително важен орган во човечкото тело, а нерамнотежата на натриум и калиум во крвта може да ја наруши неговата функција. За да може срцевиот мускул да функционира правилно, рамнотежата на електролитите во крвта мора да биде во нормални граници.

Калиумот, како важен минерал и електролит, игра многу важна улога во преносот на електричните импулси до срцето, а со тоа помага во нормализирање на срцевиот ритам.

Прекумерниот внес на натриум (сол) во исхраната може да доведе до висок крвен притисок, а тука доаѓа и калиумот, кој игра важна улога во намалувањето на крвниот притисок.


Високиот крвен притисок е широко распространет проблем денес, а последиците од артериската хипертензија се многубројни: оштетување на функцијата на бубрезите, мозочен удар, оштетување на срцевиот мускул и коронарните артерии.

Претходна објаваСопрете ја главоболката на сосема природен начин: Оваа храна делува подобро од аспиринот
Следна објаваОслободете се од болката: Еве што да правите кога имате враснат нокт

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име