Дома Your Chef Леден ветер: Рецепт за вашата омилена торта без печење

Леден ветер: Рецепт за вашата омилена торта без печење

361
0

Леден ветер: Рецепт за вашата омилена торта без печење

Доколку спаѓате во групата на оние чиј омилен десерт е ледениот ветер, но подготовката не ви оди баш или пак сакате само да можете да ја направите оваа торта побрзо од вообичаено, имаме решение.

Состојки:
Крем:
500 гр маскарпоне сирење
300 мл шлаг
70 гр шеќер во прав

Друго:
320 гр питит бисквити
200 мл млеко
4-5 банани
околу 400 гр јагоди
околу 400 гр киви

Декорација:
бело чоколадо за рендање

Подготовка:
Потопете ги бисквитите во млеко и ставете ги во калап со димензии 21 х 28 см.
Во сад додадете го сирењето маскарпоне, шлагот и шеќерот во прав.
Измешајте ги состојките додека не добиете убав цврст крем.
Намачкајте ги бисквитите со тенок слој крем.
Исечете ги бананите пред да ги редите за да не потемнат и наредете ги врз кремот.
Намачкајте тенок слој крем.
Потопете ги бисквитите во млеко, наредете ги врз кремот.
Намачкајте тенок слој крем.
Наредете исечени јагоди.
Намачкајте тенок слој крем.
Потопете ги бисквитите во млеко и ставете ги во калапот.
Намачкајте тенок слој крем.
Наредете со исечени киви.
Намачкајте го остатокот од кремот.
Белото чоколадо изрендајте го.
Тортата ставете ја во фрижидер.

Претходна објава1 намирница е клучот за здрав појадок, ќе ве држи сити и здрави
Следна објаваНеделен хороскоп за периодот од 8 до 14 мај! Откријте што велат ѕвездите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име