Лебчиња со џем: Задоволство кое успева кај секого
Лепчињата со џем се одличен деликатес кој можете да го направите во посни и мрсни варијанти. Ви пренесуваме рецепт за посни лепчиња.
Овој рецепт успева кај секоја домаќинка!
Компоненти:
400 мл млака вода
коцка квасец
малку сол
1 лажица шеќер
800 гр брашно
џем по вкус
Подготовка:
Во малку млака вода се раствора квасецот, се додава шеќерот, па остатокот од водата, 400-450 гр брашно, па се додава остатокот од брашното да се замеси средно тврдо тесто. Можете да додадете и кора од лимон. Оставете го покриено на топло место околу 30 минути да нарасне, па развлечете го дебело околу сантиметар, исечете го на коцки, ставете го џемот на средина, соберете ги рабовите и затворете го да не истече џемот. Се редат во кружен плех обложен со хартија за печење. Покријте ги лепчињата и оставете ги да нараснат околу 20 минути, па печете ги во загреана рерна на 180-200 степени C 35-40 минути. Посипете ги со шеќер во прав.