Дома Positive of the day Лазарополе – Видео кое не треба да го пропуштите

Лазарополе – Видео кое не треба да го пропуштите

275
0

Лазарополе е второто по големина село во Мала Реканскиот регион, а воедно и едно од најнаселените места во овој регион.

Сместен е во средината на питомата природа на висорамнината Бистра, на надморска височина од 1350 метри, со локација која изгледа малку затскриена од остатокот на светот.

Името на името Лазарополе се поврзува со легенда која се одржува како традиција. Селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка.

Ги открила „лудата Калина“ така што Турците ги задушувале со чад од запалениот оган. Од пештерата бил спасен само некој Лазар, кој од другата страна на пештерата излегол на полето каде основал ново село.

Од неговото име Лазар, кој излегол на полето и го основал новото село, потекнува и името Лазарополе.

Претходна објаваХронични болести на кожата…
Следна објаваДолина на водениците: Луѓето заминаа, а природата се врати

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име