Дома Health Лажичка мед пред спиење е одлична за здравјето!

Лажичка мед пред спиење е одлична за здравјето!

445
0

Лажичка мед пред спиење е одлична за здравјето!
Повеќето од нас се свртуваат кон благодетите на медот само кога сме настинати, бидејќи со шолја чај медот е одличен сојузник во борбата против настинката и грипот. Меѓутоа, во други ситуации забораваме дека оваа супер храна има и други бројни придобивки. Само една лажица мед пред спиење прави чуда за нашето тело, а ние ви пренесуваме само некои од причините зошто треба да изедете една лажица мед веќе вечерва.

Мед и млеко – одличен пар, Зошто???
  1. Добар сон

Ако понекогаш се будите среде ноќ, тоа е затоа што на нашиот мозок му е потребна супстанца наречена гликоген и таа ги поттикнува надбубрежните жлезди лоцирани во бубрезите да ослободуваат адреналин и кортизол, што ве спречува да имате мирен сон. За среќа, медот содржи гликоген, па ако го консумирате пред спиење ќе го избегнете адреналинот и ќе спиете мирно до утро.

  1. Го регулира крвниот притисок

Високиот крвен притисок е еден од главните фактори кои придонесуваат за ризикот од срцеви заболувања и неговото регулирање е неопходно за да се избегнат сите компликации. Медот содржи антиоксидантни соединенија, за кои е докажано дека го намалуваат крвниот притисок, со што една лажица мед пред спиење е одличен начин за регулирање на крвниот притисок.

  1. Ги намалува триглицеридите

Триглицеридите се вид на масти кои се наоѓаат во крвта. Високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања и дијабетес. За среќа, медот е поврзан со намалување на нивото на триглицериди во крвта. Тие ги претвораат во добри сојузници, кои ви ја чистат крвта од непотребните маснотии.

  1. Го зајакнува имунолошкиот систем

Медот е богат со антиоксиданси и антибактериски агенси, кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем, што го прави посилен во борбата против инфекции предизвикани од микроорганизми, како што се бактерии, габи и бројни вируси. Покрај тоа што ќе го конзумирате секоја вечер, за да го зајакнете имунолошкиот систем, можете да нанесете мед и на раните за да ви делуваат антибактериските материи во ваша корист.

  1. Телото побрзо ги согорува мастите
    При конзумирање на мед, телото го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите. Ова значи дека ја подобрува циркулацијата, што малку ја зголемува температурата на вашето тело, помагајќи ви да согорувате маснотии без напор.
  1. Спречува настинки и грип

Медот има природно антиинфламаторно дејство. Така, со конзумирање на една лажица мед измешан со топла вода секоја вечер, можете да ја намалите иритацијата на грлото и да избегнете кашлање. Покрај тоа, медот е добар антибиотик кој може да помогне во борбата против секоја бактерија која ќе заврши во грлото.

  1. Ги намалува знаците на стареење

Најдобар природен начин да го забавите стареењето е да консумирате антиоксиданси, а медот е преполн со нив. Секогаш е добро редовно да ја хидрирате и негувате кожата со креми и серуми, но консумирањето мед секоја вечер пред спиење ќе ви помогне да се изборите со знаците на стареење одвнатре, што ја прави моќен соучесник.

  1. Ги намалува знаците на депресија и анксиозност

Медот содржи полифеноли, органска хемикалија која помага во борбата против депресијата со потиснување на оксидативниот стрес во мозочните клетки. Ако сакате да го зачувате вашето ментално здравје и да се разбудите чувствувајќи се добро и мотивирани, консумирањето мед секоја вечер ќе ви помогне во тоа.

Како што можете да видите, има многу придобивки ако консумирате мед пред спиење. Пробајте и следете ги резултатите.

Извор: brightside.me

Претходна објаваНајголемиот проблем во бракот: Тешко е да се открие, но може брзо да се реши
Следна објаваПечени семки од тиква со чили

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име