Дома Твој готвач Купените сокови не се здрави: Топла лимонада по рецепт на познатиот готвач...

Купените сокови не се здрави: Топла лимонада по рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер

492
0

Газираните и негазираните купени сокови не се здрави и тоа сите го знаеме.

За да ги изненадите гостите со нешто ново во овие студени денови, ви предлагаме одличен рецепт за топла лимонада по рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер.

Топлата лимонада со вкус и мирис на зимските зачини ќе ве воодушеви, вели Оливер.

Ваше е само да го подготвите, а еве се што ви треба за него.

Потребни состојки за 20 чаши топла лимонада: три литри заматен сок од јаболко, два литра вода, две парчиња (со големина на палец) свеж ѓумбир, едно стапче цимет, малку мед, сок од 12 лимони.

Постапка за подготовка:

Во поголем сад ставете го сокот од јаболко, додадете два литра вода и варете на силен оган.

Исечете го ѓумбирот, но оставете ја кората и додадете го циметот во сокот и водата.

Намалете ја топлината и оставете да се готви 15 минути.

Додадете сок од лимон, варете уште неколку минути и по желба засладете со мед.

Истурете во чаши и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име