Дома Your Chef КУГЛОФ СО СУШЕНО ОВОШЈЕ: МОРА ДА ПРОБАТЕ

КУГЛОФ СО СУШЕНО ОВОШЈЕ: МОРА ДА ПРОБАТЕ

822
0

КУГЛОФ СО СУШЕНО ОВОШЈЕ: МОРА ДА ПРОБАТЕ

Куглофот стана незаменлив десерт кога сакаме да оставиме впечаток на семејството. При печењето мора да внимаваме добро да го премачкаме калапот со путер, а потоа да ги премачкаме ѕидовите со брашно или ситно мелени бадеми за да не се залепи колачот. Кога ќе се испече, можеме да го украсиме. Најчесто се посипува со шеќер во прав, но може да се направат и убави украсни глазури, на пример од чоколадо.

Состојки:

3 чаши брашно

1 прашок за пециво

3 јајца

160 гр шеќер

2 кесички ванилин шеќер

2 кесички рум шеќер

200 гр путер

1 лажица кокосово масло

200 мл млеко

2 лажици арома на ванила

250 гр суви смокви

100 гр суви кајсии

150 гр суво грозје

1 лажица рум

100 гр мешавина од сушено овошје (папаја, ананас, манго)

½ кора од лимон

½ кора од портокал

шеќер во прав за посипување (по избор)

Подготовка:

Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете ги жолчките, шеќерот, ванилата и рум шеќерот. Кога се ќе се соедини, додадете ги растопениот путер, кокосовото масло, но постојано матејќи.
По неколку минути додадете млеко, арома на ванила, брашно и прашок за пециво. Кога ќе се додаде брашното, се мати многу кратко, колку да се соедини се. Потоа можете да го спуштите миксерот и да продолжите со лажицата.
Следува додавање на сушено сечкано овошје (смокви, кајсии, па суво грозје кое неколку часа го потопувавме во малку топла вода и во кое додадовме екстракт од рум), потоа микс од јужно овошје, рендана кора од лимон и портокал. Сè убаво соединете со лажица.
Истурете ја смесата во калап и печете околу 45-50 минути на 180 степени.
Десетина минути пред крајот на печењето покријте го со хартија за печење за да не потемни премногу кората.

Претходна објаваКако да го стимулирате варењето и да се ослободите од запек? Додадете 1 зачин во водата и запекот ќе стане минато за половина час
Следна објаваВратете си ја ЕНЕРГИЈАТА со попладневна дремка – еве колку долго треба да трае

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име