Ќе го снема за кратко време… Мирисот на лимон го обожаваат сите, а најмногу во зима.
Потребни состојки:
3 јајца
6 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 дл. масло
1 чаша јогурт
12 лажици брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лимон – рендана кора и сок
Подготовка:
Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со жица. Додадете масло и јогурт и убаво измешајте. Потоа додадете брашно и прашок за пециво. Потоа лимон. Калапот за куглоф добро намачкајте го и посипете го со брашно, па прелијте ја смесата во него.
Се пече на 180 степени околу 30 минути. Извадете го од рерна, оставете малку да се излади, па изгаснете го во чинија. Кога целосно ќе се излади, посипете го со шеќер во прав или со растопено чоколадо по вкус.