Дома Твој готвач Крцкавото пилешко од рерна со само еден мал трик

Крцкавото пилешко од рерна со само еден мал трик

659
0

Печењето месо во рерна е поздрава алтернатива отколку готвењето пржено пилешко во многу масло. Но, секој што барем еднаш се обиде да испече крцкаво парче пилешко месо со лебни трошки во рерна, знае дека тоа е исклучително тешка задача.
Сепак, крцкавоста може да се постигне без многу масло. Трикот за печење крцкаво пилешко во рерна со необична состојка се споделува на социјалните мрежи веќе некое време.
Тајната, велат тие, е во мајонезот.
Пилешкото треба да се исече на парчиња со иста големина.. Потоа се „панира“ со класично јајце, брашно и неколку лажици од овој сос.

Мајонезот го штити пилешкото да не се исуши, го продлабочува неговиот вкус и им овозможува на лебните трошки подобро да се „лепат“ на површината на месото. Оние кои го пробале тврдат дека пилето подготвено на овој начин има вкус како да е пржено.

Другите, сепак, не можат да замислат да користат мајонез во овој рецепт затоа што печењето мајонез едноставно не е опција за нив.
Ако сè уште сте заинтересирани да експериментирате во кујната, еве што треба да направите:

Состојки за крцкаво пилешко од рерна:

450 грама пилешки гради
1 кесичка мајонез од 90 грама
1 јајце
1 лажица брашно
200 грама лебни трошки
сол и бибер по желба

Подготовка:

  1. Измешајте јајце, брашно и мајонез во мазна смеса.
  2. Исечете го пилешкото на помали парчиња, сол и бибер по желба.
  3. Убаво парчиња пилешко намакајте ги во смесата
  4. Потоа прпелајте го пилешкото во лебните трошки и ставете го на хартија за печење.
  5. Печете го пилешкото во загреана рернана 200 степени околу 15-20 минути, или додека месото не се испече и добие златно-кафеава крцкава кора.
  6. Послужете крцкави парчиња пилешко со сос по желба.
    Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име