Дома Твој готвач Кремаст паша локум со бананчиња ќе ве воодушеви

Кремаст паша локум со бананчиња ќе ве воодушеви

1124
0

Доколку сакате да ги комбинирате омилените слатки со уште послатки десерти, откривме ролат која ќе ве воодушеви вас и вашето семејство – паша локум со крем банани.

Да, добро прочитавте. Рапсодијата на вкусови создадена од кремастиот паша локум овој пат е збогатена со вкусни бананчиња, кои ќе ве натераат да посакате што побрзо да се телепортирате во вашата кујна. Овој вкусен колач ќе стане еден од омилените на аматерите во кујната бидејќи е многу лесен за подготовка, а ќе го засакаат сите генерации поради неодоливата комбинација на слатки.

Состојки:

600 мл млеко плус 200 мл

6 лажици шеќер

3 лажици какао

4 лажици густин

1 лажица брашно

200 мл слатка павлака

200 гр мелени бисквити

100 гр темно чоколадо

40 гр путер

1 ванилин шеќер

8 крем банани

Подготовка:

Најпрвин подгответе го правоаголниот плех бр.40 така што ставете хартија за печење на дното. Над хартијата додадете ги мелените бисквити распространето на целата површина.

Сварете 600 мл млеко. Додека не почне да врие, соединете 200 мл млеко со шеќер, какао, ванилин шеќер, брашно и згуснувач. Добро измешајте за да избегнете грутки.

Кога млекото ќе зоврие, додадете ја подготвената смеса и варете 3 – 4 минути. Треба да се свари како пудинг. Потоа во врелата смеса додадете го чоколадото искршено на коцки и путерот и мешајте додека не се растопи.

Прелијте ја оваа пудинг густа смеса врз бисквитите во плехот рамномерно. Направете го тоа малку побрзо бидејќи смесата многу брзо се згуснува. Прво оставете го 15 минути на собна температура и преку ноќ во фрижидер.

Потоа подгответе ја слатката павлака. Изматете ја со миксер. Нанесете ја слатката павлака на изледана кора во плехот. Нредете го крем бананчињата на почеток на плехот и свиткајте ролат со помош на хартијата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име