Колку и да сте уморни, многу долго ја барате најудобната положба за да заспиете. Добро ви е позната ситуацијата во која со часови се фрлате и вртите на креветот барајќи поза во која ќе заспиете мирен.
На крајот заспивате во вообичаената поза која ви е омилена, но дали е и најдобро за вас и вашето здравје, открија експертите.
Доколку често се вртите среде спиење и сонот ви е прекинат, можно е положбата на вашето тело во која спиете да не ви одговара. Општо познати се четирите најчести пози во кои спијат повеќето луѓе, а секоја од нив има свои предности и недостатоци.
Меѓутоа, експертите сега открија дека постои поза која е најздрава за време на спиењето.
Поза на фетусот
Ова е позата во која спијат повеќето жени, а според австралискиот експерт Елина Винел, таа е и најлоша. Винел тврди дека телото во оваа положба е во грч цела ноќ.
„Доколку одиме да спиеме во оваа поза, му сигнализираме на нашиот нервен систем дека сме во некаков лет, се бориме и дека не сме безбедни“, нагласува експертот и предлага повеќе да изберете отворена поза во која ќе ја отвори областа на белите дробови и ќе дише подлабоко.
Спиење на страна
Без разлика дали се наоѓа на левата или на десната страна, оваа положба на телото е опишана како една од најдобрите, а особено се препорачува да користите перница за главата и уште една дополнителна перница како потпора на страна.
„Гледајќи од структурна, невролошка или мускулна перспектива, оваа позиција е многу добра. Исто и за вашите дишни патишта, но и за варење. Особено ако лежите на левата страна“, објаснил д-р Ерлих во една од своите написи.
Спиење на стомак
„Најлошо е да спиете на стомак. Со спиењето во таа положба вршите притисок врз мускулите на главата и вратот, ги оптоварувате зглобовите, а тоа го оштетува и долниот дел на грбот и карлицата“, велат експертите кои со години набљудувале кое спиење позата е најздрава за човечкото тело.
Во жаргон наречен „слободен пад“, оваа положба на спиење има и фатални ефекти врз респираторниот систем.
Спиење на грб
Многу експерти се согласуваат дека спиењето на грб е најздравата положба за човечкото тело. Иако оваа поза ретко некому му прилега, среќници се оние кои се навикнати да спијат на грб.
Се препорачува вратот, главата и горниот дел од градниот кош да бидат малку подигнати во оваа положба.